Утрински Весник
Свет

Радикалните исламисти нападнаа хотел во Сомалија, убиени најмалку 8 цивили

Најмалку осум цивили се убиени во судир меѓу радикалната исламистичка група Ал Шабаб, која нападна хотел во Могадишу, и вработени во компанија за обезбедување, која се обиде да ги неутрализира, соопшти денеска претставник на фирмата.

dobivaj vesti na viber

„Силите од обезбедувањето продолжија да ги неутрализираат терористите кои беа фатени во обрач во соба во зградата на хотелот. Повеќето од луѓето беа спасени, но во овој момент можеме да ја потврдиме смртта на најмалку осум цивили“, изјави претставникот на компанијата за обезбедување Мохамед Абдикадир.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени