Утрински Весник
Спорт

Икарди пред трансфер во Турција: Фенербахче или Галатасарај?

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди се наоѓа пред трансфер во Турција, откриваат медиумите во оваа земја. Неговиот агент, сопругата Ванда Нара се наоѓа во Истанбул и води преговори со двата гиганти, Фенербахче и Галатасарај.

dobivaj vesti na viber

Двата клуба се заинтересирани да го доведат напаѓачот кој е пред заминување од францускиот првак Пари Сен Жермен.

Икарди беше во преговори со Монца за враќање во Серија А, меѓутоа сепак договор не беше склучен. Најголемиот проблем е неговата голема плата од 200.000 евра месечно неделно, која засега ги кочи и преговорите во Турција.

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ