Утрински Весник
Свет

Гутереш во Одеса: Има уште многу работа со извозот на храна

„Договор меѓу две страни постигнат во жесток конфликт. Тоа е без преседан и во однос на обемот и според бројот, но имаме уште долг пат да одиме на многу фронтови“ изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Одеса.

dobivaj vesti na viber

Тој потврди дека останува уште многу да се направи за да се обезбеди глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива, откако беше постигнат договор за извоз на храна со посредство на Турција и ОН.

Тој повика на непречен пристап до руската храна и ѓубриво кои не се предмет на санкции на светските пазари, пренесува Ројтерс.

Гутереш изјави дека електричната енергија произведена во нуклеарната централа во Запорожје, која е под контрола на руските сили, и припаѓа на Украина и бара целосно да се почитува овој принцип.

„Очигледно е дека струјата од Запорожје е украинска струја и таа е неопходна особено во зима за украинскиот народ. И овој принцип мора целосно да се почитува“ – рече тој.

Можете да прочитате

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман

Ферибот со 116 патници потона крај брегот на Гвајана, досега спасени само осум лица

Најмалку 11 загинати во Газа во израелски напади и покрај примирјето