Утрински Весник
Спорт

Убави вести за Клоп: Фирмино се враќа за дербито на „Олд Трафорд“

Бразилскиот ас Роберто Фирмино барем малку ќе ги намали маките на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред дербито со Манчестер јунајтед в понеделник на „Олд Трафорд“ ќе ја гледаме пресметката помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Тој закрепна од повредата и ќе биде подготвен за настап.

dobivaj vesti na viber

Ова е од суштинско значење ако се знае дека Дарвин Нуњез заработи суспензија поради црвениот картон што го доби на мечот против Кристал Палас.

Бразилецот Фирмино го напушти натпреварот против Фулам во 50. минута, а не играше ниту против Кристал Палас поради повреда. „Деветката“ сега се враќа во вистински момент, а блиску до стартниот состав е и закрепнатиот дефанзивец Џо Гомез.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет