Утрински Весник
Свет

Момче и девојка повредени од струен удар на базен

Петнаесетгодишно момче е тешко повредено, а 18-годишна девојка е полесно повредена во базен на викендица во Бањоле, во општина Медулин, поради неисправни електрични инсталации, извести истарската полиција.

dobivaj vesti na viber

Полицијата вчера околу 14 часот добила пријава од Итна медицинска помош дека во базенот во дворот на викендица е тешко повредено дете, а полесно е повредена 18-годишна девојка. Станува збор за француски државјани.

Засега е утврдено дека повредите настанале поради неисправност на електричните инсталации, информираат од полицијата.

Тешко повреденото момче е задржано на лекување во болница во Риека. На местото на несреќата е извршена увид, а полициски службеници во соработка со надлежното државно правобранителство продолжуваат со утврдување на сите околности на овој настан, додаваат од Полициската управа на Истра.

Неофицијално се дознава дека до несреќата дошло како последица на струен удар.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците