Утрински Весник
Свет

Вучиќ и Курти на иста маса, српскиот претседател се надева на некакво решение

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти во рамките на дијалогот Белград-Приштина започна во Брисел околу 10:30 часот, чиј домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, а на кој присуствува и специјалниот пратеник за дијалог, Мирослав Лајчак.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на средбата Вучиќ и Курти одвоено се сретнаа со Борел и Лајчак.

„Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам и двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да најдат заеднички јазик“, напиша Борел на Твитер.

Во исто време, Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил напиша дека се надева на „некакво решение“.

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на какво-такво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, изјави Вучиќ, пренесе „Н1“.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина