Утрински Весник
Магазин

Џорџ Мајкл бил навлечен на диетална кока-кола, пиел 25 лименки дневно

Џорџ Мајкл бил толку зависен од диетална кока-кола што пиел по 25 лименки дневно.

dobivaj vesti na viber

Британскиот пејач, кој почина на 53-годишна возраст во 2016 година, имаше низа други зависности и утврдено е дека починал од срцева слабост и заболување на црниот дроб.

„Дејли стар“ во средата го цитираше неговиот пријател продуцент Џони Даглас, кој откри дека пејачот бил навлечен на кока кола: „Тој пушеше трева во студиото, како што прават многу луѓе. Земаше и антидепресиви – но тој беше врвен професионалец.“

„Никогаш не бил издрогиран и никогаш не сум го видел да прави нешто што би го сметал за деструктивно, освен неговата зависност од диетална кока-кола.

„Тој беше на најмалку 25 лименки дневно – му беа заварени на раката. Ако погледневте во неговиот Ренџ Ровер, беше како гробишта празни лименки диетална кока-кола.“

Разговорот со неговиот продуцент доаѓа во моментот кога фановите на Џорџ Мајкл слушнаа три досега необјавени песни во новиот документарен филм за неговиот живот.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци со најдлабока и најинтензивна интимна енергија

Чај за поздраво срце – 24info.mk

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион