Утрински Весник
Свет

Турција и Израел ги обновуваат дипломатските врски

Израел и Турција целосно ги нормализираат односите.

dobivaj vesti na viber

Двете земји повторно ќе назначуваат меѓусебно амбасадори, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Именувањето амбасадор е еден од чекорите за нормализирање на односите. Таков позитивен чекор дојде од Израел како резултат на тие напори, а ние како Турција, исто така, одлучивме да назначиме амбасадор во Израел, во Тел Авив“, рече Чавушоглу, пренесе Ројтерс.

Говорејќи на прес-конференција во Анкара, тој додаде дека Турција почнува процес за одлучување кој ќе биде назначен на функцијата.

Двете земји протераа амбасадори во 2018 година, откако израелските сили убија 60 Палестинци за време на протестите на границата со Газа против отворањето на американската амбасада во Ерусалим.

Одлуката доаѓа додека Израел се обидува да ги подобри врските со регионалните сили, а беше договорена две години по таканаречениот Абрахамски договор, со кој се нормализираа односите меѓу Израел, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Мароко.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел