Утрински Весник
Македонија

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

Тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, вчера биле ангажирани за санирање на штетите по големото невреме кое го погоди Неготино.

dobivaj vesti na viber

Активностите на екипите биле завршени до 23.00 часот, информираа од Центарот за управување со кризи.

Невремето траело 20 минути, а епилогот е паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, со што причинета е голема штета која допрва ќе се проценува.

Неготинчани коментираат дека вакво невреме на паметат.

Можете да прочитате

До 18:00 часот регистрирани 12 пожари на отворено

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Продава иднина за тендери и одбрана на криминал

Запален џип во скопски Центар