Утрински Весник
Магазин

Мадона го прослави 64. роденден во голем стил

Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден  со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.

dobivaj vesti na viber

„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит.

„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.

Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).

Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.

Можете да прочитате

Дали имате проблеми со тироидната жлезда? Нутриционист советува: Избегнувајте ги овие 6 намирници

Почина таткото на Марија Шерифовиќ: Рајко почина по тешко боледување во болница во Крагуевац

Одржани две TSD натпреварувања – Авто-слалом натпреварувања Кичево 3 и 4