Утрински Весник
Спорт

Вардар едвај до победа против Алкалоид на турнирот во Струга

Dik 300x250 mk

Актуелниот првак Вардар го победи Алкалоид со 24:22 на отворањето на турнирот во Струга. Искуството на ракометарите на Владо Недановски се покажа како пресудно, иако Алкалоид покажа завиден квалитет.

dobivaj vesti na viber

На полувреме „црвено-црните“ имаа предност од 12:10, а неизвесно беше до самиот крај. Вардарци беа за нијанса подобри и стигнаа до прв триумф.

Филип Талески со седум гола беше најпрецизен во редовите на Вардар, а по три постигнаа Карапалевски и Стоилов. Томовски имаше 15 одбрани.

Кај Алкалоид, Митев и Стојковиќ постигнаа по четири гола.

Еурофарм Пелистер славеше против докаќинот Струга со 23:27. Поради лошите временски услови овој натпревар беше преместен во салата „Нико Нестор“.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс