Утрински Весник
Спорт

Мората распука, Атлетико го збриша Хетафе

Атлетико Мадрид имаше совршено отворање на новата сезона од шпанската Ла Лига стигнувајќи до 3:0 победа во „малото“ мадридско дерби кај Хетафе во режија на Жоао Феликс и особено повратникот Алваро Мората, кој постигна два гола.

dobivaj vesti na viber

Феликс уште во 15. минута од мечот го најде Мората на работ на шестнаестникот, и фудбалерот, кој две сезони беше позајмен на Јувентус, постигна прекрасен гол за 0:1. Истата комбинација на фудбалери во 59. минута донесе 0:2 водство за во 75. минута триумфот на тимот на Диего Симеоне да го потврди замената Антоан Гризман.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите