Утрински Весник
Свет

Поранешниот шеф на НАТО: Путин знае дека направил грешка, но никогаш нема да признае

Dik 300x250 mk

Поранешниот врховен командант на НАТО Џејмс Ставридис верува дека рускиот претседател Владимир Путин сфатил дека направил грешка.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека во темните, тивки часови, во два часот по полноќ, кога ќе се разбуди, сфаќа дека згрешил. Никогаш нема да го признае тоа јавно, никогаш. Тој ќе продолжи да ја одржува оваа фикција дека Украина е раководена од неонацисти. Смешно“, рече Ставридис.

„Путин ќе тврди дека НАТО некако го турна во овој конфликт. Сè што се случи беше дело на Владимир Путин, вклучително и инвазијата, санкциите што следеа. Тој тоа го знае во своето срце, но никогаш нема јавно да го признае“, додаде Ставридис.

Тој коментираше и кога би можела да заврши војната, наведувајќи дека за двете страни има уште најмалку шест месеци од изнаоѓање решение.

„Би рекол дека за шест месеци Путин ќе биде во многу тешка ситуација“, изјави поранешниот лидер на НАТО за Путин.

Тој посочи и дека трпението на Западот и протокот на пари и оружје не се бесконечни.

„Мислам дека и двата фактори на крајот ќе ги натераат двете страни да дојдат до некакви преговори“, заклучи Ставридис.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил