Утрински Весник
Свет

Кина спроведе нови воени вежби во близина на Тајван

Војската на Кина соопшти дека извршила нови вежби во близина на Тајван, додека група американски конгресмени го посетиле Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија, и се сретнале со претседателот Цаи Инг-вен, во она што Пекинг го нарече кршење на кинескиот суверенитет.

dobivaj vesti na viber

Петмина американски конгресмени, предводени од сенаторот Ед Марки, доцна во неделата пристигнаа во Тајпеј во ненајавена посета.

Тоа е втора американска делегација во последно време, откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го посети Тајван на почетокот на август, на што Кина одговори со големи воени вежби. Командата на Народноослободителната армија на Кина одговорна за Тајван објави дека во понеделник организирала повеќенаменски заеднички патроли за проверка на борбената готовност и воени вежби во морето и воздушниот простор околу Тајван.

Вежбите се „силна мерка за одвраќање на Соединетите Држави и Тајван од продолжување на политичките трикови и поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец“, се додава.

„Продолжуваме со подготовките за војна“

Кинеското Министерство за одбрана во посебно соопштение соопшти дека патувањето на делегацијата го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и „целосно го разоткрива вистинското лице на САД како уништувач на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

„Кинеската Народноослободителна армија продолжува да тренира и се подготвува за војна, решително го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет и решително ќе ја уништи секоја форма на сепаратистичка независност на Тајван и странско мешање“, се додава.

Тајванскиот премиер Су Ценг-чанг рече дека нема да бидат спречени од реакцијата на Кина на ваквите посети на странски пријатели.

Посетата на Пелоси на Тајван ја налути Кина, која најпрво одговори со тестирање на балистички ракети над Тајпеј и прекинување на дијалогот со САД за некои области, вклучително и климатските промени. САД немаат формални дипломатски односи со Тајван, но со закон се обврзани да му обезбедат средства за самоодбрана.

Можете да прочитате

Канал 12: Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас

Иранскиот министер за надворешни работи го исмејува Нетанјаху: Што точно тој пуши?“

Израелски сили уапсија голем број Палестинци при рации на Западниот Брег