Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, со пораст на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

(Фото) Судир на повеќе возила пред „Џевахир Мол“ во Аеродром

Почина новинарот и активист Рамуш Муарем – Цирко

Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога