Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трипуновски: Лозарите мора да добијат пристојна цена за грозјето

„Она трпезно грозје кое се откупува, цената е далеку од рентабилна и земјоделците не можат да ги покријат своите производни трошоци, а да не зборуваме за екстра профит, односно за задоволување на семејните буџетски потреби. Оваа ситуација е повеќе од алармантна затоа што едноставно сметам дека министерството и владата требаше многу порано да преземат одредени мерки кои ќе значат стабилизација на цената“ порача денеска од Тиквешко претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ – Цветан Трипуновски.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека загрижувачки за лозарите е тоа што едноставно не знаат со каква цена, со каков приход можат да располагаат наредниов период. Десетина дена пред почеток на бербата, цената е незамисливо да биде несоопштена, вели тој.

„Сакам да упатам сериозен апел до Владата и ресорното министерство, да си ги прекинат своите летни одмори и да се појават овде во тиквешијата заедно со винарските визби да најдат прифатливи цени и за лозарите и за винарските визби“ рече Трипуновски.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври