Утрински Весник
Македонија

Скопје ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот Битола, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи и најави одговор на тој чекор, информира „РТВ“.

dobivaj vesti na viber

Според заменик-портпаролот на Министерството, Иван Нечајев, властите на Северна Македонија не ги навеле причините за тој чекор, пренесува агенцијата „Тасс“.

„Нема сомнеж дека ова е уште една политички мотивирана одлука“ – вели Нечајев.

Според него, овој „антируски чекор ќе го зголеми јазот во односите меѓу двете земји“, кој започна, како што рече, со однесувањето на Скопје, кое покажува слепа лојалност кон западните сојузници, нивната политика на санкции и силен притисок врз Русија.

„За жал, поради својата антируска политика, Скопје ја жртвува институцијата почесни конзули кои помагаат да се развијат контакти меѓу луѓето, да им се помогне на луѓето и бизнисите. Се чини дека Северна Македонија не се грижи многу за сопствените интереси и се обидува да предизвика нашиот одговор, кој неизбежно ќе следи“- смета заменик-портпаролот на руското МНР.

Можете да прочитате

Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти