Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници

Dik 300x250 mk

Криминалот, корупцијата, злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници на срам и деградација, велат од Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Успесите на Ансамблот на песни и игри им припаѓаат на албанскиот народ и на сите членови на ансамблот и за ова честитки до сите заслужни.
Но, директорските паради и лижењето на директорот пред нозете на еден лидер на партија е срамно и неподносливо. Ова станува уште посрамно кога се принудуваат членовите на ансамблот да одат во партиски штаб, да му служат на директорот и да се стават во партиската пропагандна агенда“, се потенцира во соопштението од оваа партија.

Фотографиите објавени во седиштето на ДУИ и со претседателот на оваа партија, велат од Алијанса за Албанците, јасно докажуваат кој стои зад сите коруптивни афери, кој ги штити директорите осомничени за злоупотреба на пари и институцијата и зошто ваквите случаи немаат праведен епилог.

Можете да прочитате

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево