Утрински Весник
Свет

Жена починала откако била згмечена од чадор на плажа

Жена од Јужна Каролина починала откако била згмечена до смрт од чадор на плажата во Миртл Бич, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Како што објави „Гардијан“, чадорот за сонце се забил во градите на жената, објавиле властите.

Чадорот на Тами Перот бил однесен од ветрот околу 12:40 часот кога била на плажата во Гарден Сити, Јужна Каролина, изјавила за весникот заменик-истражителката на округот, Тамара Вилард.

Перот (63) починала околу еден час подоцна во болница од траума на градниот кош, рече Вилард.

Чадорите на плажа имаат шилест крај за да се турнат во песокот, а нивната широка крошна овозможува лесно да бидат фатени од силен ветер доколку не се соодветно обезбедени, соопштила американската Комисија за безбедност на потрошувачки производи.

Федералната агенција проценува дека околу 3.000 луѓе се повредени од чадори секоја година.

Американскиот сенатор Тим Кејн и Марк Ворнер од Вирџинија побарале од агенцијата за безбедност да ги разгледа правилата за безбедност за чадори на плажа и да започне безбедносна кампања откако чадор уби жена од Вирџинија во 2016 година.

Можете да прочитате

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Трамп: Имаме основа за стабилен договор со Кина