Утрински Весник
Свет

Русија и Иран подготвуваат размена на борбени авиони?

Ss2

Русија и Иран наводно подготвуваат голема размена на борбени авиони, по што Техеран за прв пат во последните неколку децении ќе добие нови борбени авиони, додека Русите ќе имаат беспилотни летала веќе тестирани во нападите врз базите на Централното разузнавање на Блискиот исток, пишуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според написите, иранската војска обучувала руски офицери за користење беспилотни летала, кажале официјални лица на Пентагон, само неколку дена откако сателитски снимки на руска воздухопловна база идентификувале 18 борбени авиони Су-35, наводно подготвени за испорака на властите во Техеран.

Ss1

Веста за можна испорака на ирански беспилотни летала во Русија ја соопштил советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, наведувајќи дека некои од авионите веројатно веќе се во рацете на руските вооружени сили.

„Нашите информации сугерираат дека иранската влада се подготвува да испорача неколку стотици (дронови), вклучително и верзии способни да носат оружје“, изјавил Саливан за новинарите.

Според медиумите обуката на руските војници започнала на почетокот на јули, додека руски експерти најмалку во два наврати ја посетиле новоотворената тајна база на беспилотни летала во околината на Техеран.

Во новинарските извештаи стои дека иранските власти постојано ги демантираат овие информации, наведувајќи дека немаат намера да помогнат на која било страна во украинскиот конфликт, но претходно потврдиле дека единиците задолжени за управување со беспилотни летала на двете армии размениле неколку посети во изминатите години, според агенциите.

Ss1

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи

Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа