Утрински Весник
Спорт

Играч на АЕК во Белград нокаутираше фото-репортер

Dik 300x250 mk

Серија инциденти го обележаа синоќемиот натпревар од третото коло во Лига Европа помеѓу Партизан и АЕК. Кипраните успеаја да го елиминираат српскиот тим со вкупен резултат 4:3.

dobivaj vesti na viber

Навивачите на Партизан незадоволни од резултатите од почетокот на сезоната, во текот на целиот натпревар скандираа против клупските челници, бараат нивни оставки. Во финишот на првиот дел се случи тепачка на источната трибина, поради што интервенираше полицијата.

По завршувањето на натпреварот навивачите ги построија фудбалерите пред јужната трибина, поголем инцидент спречија редарите.

Инцидент, по завршувањето на натпреварот имаше и на атлетската патека. Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Ненад Томовиќ, физички нападна фото-репортер.  Томовиќ тврди дека во текот на натпрвеварот фото-репортерот го пцуел него и неговите деца.

34-годишниот дефанзивец, кој играше за Црвена Звезда од 2006 до 2009 година, во кариерата има 22 настапи за репрезентацијата на Србија.

https://twitter.com/reflektorsport/status/1557841714727059457

 

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето