Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Можете да прочитате

За 22,1 отсто зголемен бројот на случаи со грип, регистрирани 188 заболени

Ходаи: 74 отсто од 15-годишниците не разбираат што читаат, а за тоа се зборува само една недела

Левица: Дали ДПМНЕ чека јавниот револт за Законот за заштита на жените од насилство да падне во заборав