Утрински Весник
Магазин

Доаѓа последната Супермесечина во 2022 година и носи важни промени кај овие хороскопски знаци

Полна Месечина во Водолија почнува на 12 август и воедно ќе биде последната Супермесечина во годината. Ова име го доби бидејќи се наоѓа во близина на Земјата, па изгледа поголема од просечната полна месечина. Ќе блесне во полн сјај и ќе ни донесе важни промени.

dobivaj vesti na viber

Оваа лунарна енергија нè поттикнува да излеземе од вообичаената рамка и да се ослободиме од моделите на однесување што не спречуваат да бидеме среќни. Месечината не поттикнува да носиме одлуки од кои се плашиме, но за кои знаеме дека се неизбежни. Овој аспект носи промени, а неговото влијание ќе се почувствува во наредните недели. Проверете дали сте меѓу знаците на кои оваа Месечина ќе има најголемо влијание.

Бик
Потребен ви е одмор од секојдневните проблеми. Искористете го ова време за размислување и донесување одлуки од кои се плашите, поврзани со вашиот дом и семејство или кариера. Доколку сте уморни и несреќни на работа, ќе ви се појави решение за проблемот, но важно е да не избрзувате со заклучоци и повеќе да се потпирате на инстинктите.

Лав
Полната месечина носи превирања во вашите интимни односи. Ќе бидете растргнати помеѓу желбата да му угодите на партнерот и потребата за независност и слобода. Ако чувствувате дека ве задржуваат, тргнете се на момент од вашата сакана и размислете за природата на вашата врска во мир. Избегнувајте драстични одлуки и обидете се да најдете компромис бидејќи тоа ќе биде патот до емоционалното задоволство.

Шкорпија
Зад вас е турбулентен период, па ви треба одмор. Повеќе од вообичаено, ќе почувствувате потреба за сигурност, без разлика дали е емотивна или финансиска. Ќе сакате да добиете одговори на прашања кои ве мачат долго време, но сте избегнале да се соочите со нив. Се истакнува можноста за купување стан или преселба во друга област, додека некои ќе почувствуваат желба да го прошират семејството.

Водолија
Овој месец ќе ве научи на важноста од трпение и компромис, но и самодисциплина. Ќе сфатите дека не можете да ги решите проблемите преку ноќ, но понекогаш морате да се ставите себеси на прво место. Ќе почувствувате потреба да им го покажете на другите вашето вистинско лице, што можеби некои ќе ги изненади, но повеќето ќе го прифатат и ќе ве поддржат.

 

Според астролозите, полната месечина во Водолија сака да вежбате простување.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста