Девојка на Рајан Гигс, поранешен фудбалер на „Манчестер Јунајтед“, изјави пред судот дека била „роб на секоја негова потреба и барање“.
Кејт Гревил во средата пред поротата во судот во Манчестер рече дека кога Гигс ќе ѝ кажел да направи нешто, таа морала да го стори тоа.
Сведочејќи на третиот ден од судењето за напад, Кејт откри дека тој го контролирал нејзиниот социјален живот и дека крајот на нивната шестгодишна врска „бил прилично немилосрдно ужасен“.
Таа тврди дека Гигс бил постојано агресивен и вршел контрола врз нејзиниот социјален живот.
„Правеше да се чувствувам како да морам да го сторам она што тој ќе рече, инаку имаше последици,“ им кажа на поротниците.
Гигс (48) негира дека ја контролирал или присилувал Гревил (36) да прави било што против нејзина волја во периодот од август 2017 до ноември 2020 година.
Тој исто така негира напад врз неа, кој, наводно, ѝ предизвикал телесна повреда, како и напад врз нејзината помлада сестра, Ема.