Утрински Весник
Спорт

Кој ќе биде супершампион на Европа? Реал и Ајнтрахт на пресметка во Хелсинки

Ss2

Носителот на трофејот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, вечерва (21 часот), ќе се соочи со победникот во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт, на Олимпискиот стадион во Хелсинки, во пресметката за Суперкупот на УЕФА. „Кралевите“ го совладаа Ливерпул на „Стад де Франс“ и 14. пат се искачија на поккривот на Европа, а „орлите“ го победија Глазгов Ренџерс на пенали и го освоија вториот европски трофеј во клупската историја.

dobivaj vesti na viber

Реал и Ајнтрахт ќе се сретнат вторпат. Првата и единствена досегашна пресметка меѓу двата тима беше во финалето на КЕШ во 1960 година кога „кралевите“ победија со 7:3.

Img 5587

За Реал Мадрид, ова ќе биде осми настап во меч за Суперкупот на УЕФА. Досега има четири победи и три порази на овие натпревари. Само Милан и Барселона имаат освоено повеќе вакви трофеи – по пет.

Ајнтрахт ќе дебитира во Суперкупот.

Реал Мадрид одигра само три пријателски натпревари, а тимот на Карло Анчелоти сè уште се подготвува за новата сезона. Во првиот дуел „белите“ загубија со 0:1 од големиот ривал Барселона во Лас Вегас. Реал потоа ремизира 2:2 со Клуб Америка, а на самиот крај на јули Карим Бензема и друштвото го победија Јувентус со 2:0.

Ајнтрахт Франкфурт веќе ја почна новата сезона во Бундеслигата, но првиот меч беше катастрофален – пораз од шампионот Баерн Минхен со 1:6 на домашен терен. Сепак, германскиот тим верува дека може да покаже поинакво лице против Реал Мадрид на вечерашниот супердуел во Хелсинки.

Ss1

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот