Утрински Весник
Економија

Од полноќ стапува на сила забраната за увоз на руски јаглен во ЕУ

Со завршувањето на преодниот период, стапи на сила пакетот санкции што земјите од ЕУ го усвоија во април, а кој вклучува забрана за увоз на јаглен од Русија.

dobivaj vesti na viber

Така, се забранува купување, увоз или трансфер во ЕУ на јаглен и други цврсти фосилни горива со потекло или извезени од Русија, во вредност од осум милијарди евра годишно.

Првата од енергетските санкции на ЕУ против Русија беше забраната за купување јаглен. Забраната за увоз на нафта од Русија се очекува да стапи на сила во декември.

Русија беше земјата која испорача најмногу јаглен до земјите на ЕУ, околу 25 отсто од нејзиниот извоз на јаглен беше во Европа.

Од друга страна, земјите од ЕУ добија 45 отсто од вкупниот увоз на јаглен и 70 отсто од термичкиот јаглен што се користи за производство на електрична енергија од Русија.

Според податоците на руското Министерство за енергетика, Русија во 2021 година на ЕУ и продаде 48,7 милиони тони јаглен, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Левица: Додека Мицкоски се фали со економски бум, граѓаните бројат ситно до крајот на месецот

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица 

Македонија со 4,3% раст на БДП: Над европскиот просек и со намалена инфлација