Утрински Весник
Свет

Најтоплиот јули во Шпанија во последните шест децении – измерени 46 степени

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јули беше најтоплиот месец во Шпанија од 1961 година, кога во таа земја почнаа редовно да се мерат температурите, објави Националниот метеоролошки институт.

dobivaj vesti na viber

Просечната температура минатиот месец изнесуваше 25,6 степени Целзиусови, што е за 2,7 степени повисока од најтоплиот јули досега.

Во андалузискиот град Морон де ла Фронтера, на 24 јули е измерена највисоката температура за јули со 46 степени, пренесува АП.

Екстремните горештини и сушата придонесоа за избувнување на бројни шумски пожари. Во повеќе од 370 пожари во Шпанија изгореа 240.000 хектари шуми.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија