Утрински Весник
Спорт

Дурент им поставил ултиматум на Бруклин

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, постави ултиматум до раководството на франшизата од Њујорк. На состанокот со сопственикот Џо Цаи тој за да остане побарал Бруклин да го напуштат тренерот на тимот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс.
Според „Атлетик“, Кевин Дурент не им верува на луѓето кои го водат Бруклин.

dobivaj vesti na viber

Дукент и Цаи имале средба во Лондон на која разговарале за барањето за трејд кој го побара кошаркарот. На газдата, Дурент му соопштил дека треба да избере помеѓу него и тренерот Неш, односно генералниот менаџер Маркс.

Кеј-Ди веќе нема претерано добро реноме во лигата, а после овој потег ќе видиме како другите тимови ќе го ценат и колку ќе бидат подготвени да платат за него.

Во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, Џо Цаи се појавил и се обидел да го изгаси пожарот во сленг зборови.

„Нашиот фронт офис (генерален менаџер и соработници) и стручниот штаб ја имаат мојата целосна поддршка. Ќе ја донесеме одлуката која е најдобра за Бруклин Нетс“, напиша Цаи.

Дурент ја започна првата година од четиригодишниот договор вреден 198 милиони долари.

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk