Утрински Весник
Спорт

Луис Хамилтон ја одбил понудата на Том Круз да биде дел од новиот „Топ ган“

Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон открива дека морал да ја одбие понудата од Том Круз да биде дел од новиот филм „Топ Ган: Маверик“ поради Формула 1 календарот. 37-годишниот Хамилтон и претходно беше дел од Холивуд, откако имаше епизодна улога во „Зулендер 2“ и го позајми гласот за филмовите „Карс 2“ и „Карс 3“.

dobivaj vesti na viber

Британецот открива дека бил голем фан на оригиналниот „Топ ган“ и дека детска желба му била да биде пилот на небо, а не во Ф1 болид, така што ова било емотивно откажување на шанса која се пружа еднаш во животот.

„Јас сум пријател со Том Круз, кој е еден од најдобрите луѓе кои можете да ги најдете. Ме покани кога го снимаа ‘Edge of Tomorrow’ и оттогаш сме пријатели. Кога дознав дека излегува нов ‘Топ ган’ веднаш си кажав дека сакам улога, било што, да бидам чистач во позадина. Но, тој отиде понатаму и ми понуди улога на пилот. За жал, морав да го одбијам тоа“, вели Хамилтон во интервју за „Венити фер“.

Можете да прочитате

Норвешкиот лизгач Ејтрем победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот