Утрински Весник
Свет

Настрада 10-годишно девојче во Херцеговина, врз неа паднала сува врба

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Десетгодишно девојче од селото Видовиќи (Херцеговина) почина синоќа во Универзитетската клиничка болница Мостар откако врз неа паднало дрво, пишува „Аваз“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила во градот Тепчиќ Поље, а сува врба под засега неутврдени околности паднала врз девојчето. Иако веднаш било пренесено во болница, девојчето починало од повредите.

„Во 18.25 часот М.И.(1982) се приближила до ПС Читлук и пријавила дека сува врба паднала врз малолетно девојче Т.Д.(2012) од Видовиќи, општина Читлук во Тепчиќ Поље, општина Читлук, каде била пренесена во ЦУМ Мостар. Почина од повредите“, потврдиле од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати