Утрински Весник
Спорт

„Пуштете го Роналдо и најдете нова деветка“

300x250 (7)

Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, смета дека најдобро решение за клубот би било да го продаде Кристијано Роналдо. Руни, кој неодамна го презеде кормилото на Ди-си јунајтед во МЛС, смета дека ситуацијата со Португалецот на „Олд Трафорд“ не е добра за атмосферата во клубот и дека во тимот треба да бидат направени драстични промени.

dobivaj vesti na viber

Руни во колумна за „Тајмс“, пишува за ситуацијата со Роналдо и нуди конкретно решение.
„Мислам дека Јунајтед треба даму дозволи на Роналдо да го напушти клубот. Не дека Роналдо не може да игра во тимот на Ерик тен Хаг. Тој може да игра во кој било тим, Рони секогаш ќе дава голови“, пишува Руни.

300x250 (7)

Тој и Кристијано беа во тимот на Јунајтед пет години пред Португалецот да потпише за Реал Мадрид во 2009 година.

„Мој личен став е дека Јунајтед сега не е подготвен да се бори за титулата, така што целта треба да биде да се изгради тим кој ќе може да ја освои лигата во следните три до четири години, тоа треба да се планира. Доколку се точни извештаите дека Кристијано сака да го напушти клубот, тогаш Јунајтед треба да му го дозволи тоа и да најде нова „деветка“, некој кој ќе биде таму три до четири години и навистина ќе помогне да се изгради успешен тим. На Тен Хаг мора да му се даде време да го направи тоа “, заклучи Руни.

Ss1

Можете да прочитате

Верстапен по второто место во Мајами: Се изненадив од брзината на Мекларен

Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот

(Видео) Ристовски и Адеми спектакуларно пречекани пред „Максимир“ по триумфот во Риека