Утрински Весник
Свет

Приведена па ослободена руската новинарка Дарија Асламова

Dik 300x250 mk

Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, која синоќа беше однесена на Косово и Метохија, пишува весникот.

dobivaj vesti na viber

„ Дарија Асламова ја контактираше нашата редакција и рече дека е во градот Рашка. Ноќта на 7 август косовските власти ја ослободија откако беше приведена, а потоа сама патуваше со автобус“, пишува весникот.

Таа стапила во контакт со руската амбасада во Србија. Асламова синоќа беше приведена на Косово, а според началникот на Министерството за внатрешни работи Џелаља Свечља, таа била осомничена дека шпионирала во корист на руските разузнавачки служби.

Според РИА Новости, Свечља не дал никакви докази за овие тврдења.

„Комсомолска правда“ објаснува дека Асламова била во Србија по налог на уредникот и дека требало да подготви посебен извештај за последната ескалација на тензиите меѓу Белград и Приштина.

Можете да прочитате

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес