Утрински Весник
Спорт

Медведев во Мексико ја прекина серијата од пет порази во финалињата

Img 5587

Тенисерот број еден во светот, Русинот Данил Медведев, ја прекина серијата порази во финалињата со победата од 7:5, 6:0 над Британецот Камерон Нори за титулата во Лос Кабос, Мексико. Русинот влезе во финалето на Лос Кабос против минатогодишниот шампион Нори, 12-ти во светот, по шестнеделна пауза, откако загуби пет финалиња по ред од минатогодишниот Мастерс во Париз во ноември.

dobivaj vesti na viber

Медведев пристигна во Мексико на својот прв турнир од јуни, и не загуби сет цела недела на патот до првата титула сезонава и 14-та во кариерата. Рускиот тенисер со пласманот во финалето се погрижи да остане на врвот на АТП-листата барем до крајот на УС Опен (29 август – 11 септември), каде ја брани титулата. Нори остана на две титули во кариерата.

Ss1

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари