Утрински Весник
Спорт

Шок од Истанбул: Мертенс и Тореира во Галатасарај, ќе дојде ли и Роналдо?

Турскиот гигант Галатасарај тргна во неверојатна акција во финипот на летниот преоден рок. Во Истанбул пристигнаа Дрис Мертенс и Лукас Тореира и треба да потпишат со Галатасарај, а каталонскиот весник „Спорт“ најавува дека клубот е во преговори и со Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

Мертенс доаѓа како слободен агент откако не успеа да се договори со Наполи за продолжување на соработката. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот од Неапол, а Лукас Тореира ќе биде купен од Арсенал кој не смета одамна на уругвајскиот интернационалец.

Како ова да не е доволно, па има најави дека и португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо би можел да потпише за Галатасарај. Огромниот број фанови на Галатасарај се во екстаза.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара