Утрински Весник
Македонија

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седум лица

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23 до 3 часот и 30 минути, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.

dobivaj vesti na viber

При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, “фолксваген голф” и “туран” со тетовски регистерски ознаки и “бмв” со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка.Лишени од слобода се:Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С.,Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија.

Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи