Утрински Весник
Спорт

Тухел: Никој не ја сакаше „деветката“ во Челси, ми велат дека е проколната!

Ss2

Менаџерот на Челси, Томас Тухел признава дека никој од неговите фудбалери не го посакал дресот со број 9 во новата сезона, шегувајќи се дека се работи за „проколнат“ број.

dobivaj vesti na viber

„Сините“ ја почнуваат сезоната без „деветка“ по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер, кој се приклучи на долгата листа на играчи кои не импресионирале со овој дрес, како Матеја Кежман, Фернандо Торес, Радамел Фалкао, Алваро Морат и Гонзало Игуаин.

Ss1

„Проколната е, проколната! Така ми велат“, вели Тухел на шега, па продолжува: „Не се работи за изоставување поради тактички причини или поради тоа што ќе пристигне некој. Немаше голема побарувачка за бројот 9, никој не го сакаше. Луѓето кои се тука подолго од мене ми велат дека тој и тој ја имал деветката и не давал голови и затоа никој не сака да ја допре“, вели Тухел.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами