Утрински Весник
Свет

Гутереш: Невозможно е да се решат светските проблеми без дијалог меѓу САД и Кина

300x250 (7)

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека е невозможно да се решат горливите прашања како што е глобалното затоплување без ефективен дијалог меѓу Кина и САД, изјави неговиот портпарол.

dobivaj vesti na viber

„ За генералниот секретар, невозможно е да се решат актуелните проблеми во светот без дијалог и ефективна соработка меѓу двете земји“, рече Стефан Дужарик. Тој одговараше на прашања поврзани со најавата на Пекинг дека ја прекинува соработката со Вашингтон во повеќе домени, вклучително и во областа на климата.

Ss1

Кина објави дека ја прекинува соработката со САД во повеќе области, вклучително и дијалогот меѓу високите воени команданти и разговорите за климата, како одмазда за посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, соопшти Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека ја прекинува соработката со Вашингтон за спречување на прекуграничен криминал и трговија со дрога и за репатријација на илегални мигранти.

Вкупно, Пекинг усвои осум различни мерки. Во изјавата веднаш по заминувањето на Пелоси од Јапонија, Кина го откажа планираниот билатерален состанок за поморскиот воено-безбедносен механизам.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина