Утрински Весник
Спорт

Рома го потврди заемот на Вајналдум

Рома потврди дека го добива Жоржињо Вајналдум од Пари Сен-Жермен на заем откако Холанѓанецот не успеа да се избори за стартно место во францускиот клуб по слободниот трансфер од Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

31-годишниот Вајналдум не го криеше задоволството од трансферот и од шансата да работи под обновениот тим на Рома под водство на Жозе Мурињо.

„Навистина е добро чувство да се биде фудбалер на Рома. Сите со кои зборував имаа само добри зборови за клубот и навивачите. Клубот јасно ми покажа колку ме сака во составот, нешто што секогаш носи самодоверба. Приемот од навивачите на социјалните мрежи и во живо беше фантастичен. Ветувам 100 отсто за мојот клуб“, вели Вајналдум.

Рома ќе плат 5 милиони евра за заемот и ќе покрие 50 отсто од платата на Вајналдум и ќе има опција да го купи за 8 милиони евра следното лето.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива