Утрински Весник
Спорт

Навивачите го избраа најдобриот играч во историјата на Премиер лигата

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тиери Анри е прогласен за најдобар играч во историјата на Премиер лигата во анкетата на навивачите. Betfair спроведе анкета со YouGov на повеќе од 1.000 фудбалски фанови пред 30-годишнината на натпреварувањето.

dobivaj vesti na viber

Француската легенда во изборот го победи Кристијано Роналдо и го освои првото место со 15 отсто од гласовите.

Поранешниот капитен на Арсенал постигна 175 гола на 258 првенствени натпревари и ги предводеше „топчиите“ до две првенствени титули. Анри беше неверојатно експлозивен, брз и фантастичен техничар со извонреден финиш.

На третото место се најде Англичанецот Алан Ширер, најдобриот стрелец во Премиер лигата на сите времиња. Топ 5 ја затвораат Французинот Ерик Кантона и Англичанецот Стивен Џерард.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер