Утрински Весник
Македонија

Со т.н. ноќен радар 201 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

dobivaj vesti na viber

Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозолената брзина. При тоа 130 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома

Јакимовски: Да воведеме и данок на изгубени премиери, купени дипломи, фалсификувани сертификати?

Тодоровска: Народот веќе не му верува, Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон