Утрински Весник
Македонија

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Можете да прочитате

Зголемен број случаи на грип во Македонија

Сточарите и земјоделците на раб на опстанок – најавени протести

Николоски: Наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка за еден народ