Утрински Весник
Македонија

Прилепчанец фатен во Дебар, шверцувал мигранти

Од полицијата информиарат дека на 03.08.2022 околу 13.30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ.(58) од Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на МВР, во Дебар, во приколка од товарно возило, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х.(38), двајцата од Сирија, Е.Т.(24) и И.И.(27), двајцата од Пакистан и М.Д.(20) од Авганистан.

„Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка“ стои во полицискиот извештај.

Можете да прочитате

ОЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг осомничен за убиство!

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална