Утрински Весник
Магазин

Ајкула го гризнала за лицето додека ловел јастози

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фишер Хрицко (13) со татко му барал ракови, а додека бркал еден примерок, почувствувал тропкање на ногата. Ајкула му се приближила и успеала да скокне и да му го гризне лицето.

dobivaj vesti na viber

„Тој само скокна надвор викајќи: „Мамо, мамо, ајкула“. Извади ме одовде. Извадете ме од водата“, изјави мајката на Фишер Хриц, Рајанон за „Fox35“.

„Видов голем јастог, го држев во рака. На пат кон површината почувствував удар на ногата, погледнав зад мене и ајкулата ми беше во лицето”, објаснило момчето. „Беше страшно, се обидов да избегам, но сè се случи брзо“ – рече тој.

Мајката на Фишер била задолжена за чамецот додека тинејџерот и неговиот татко биле во водата.

„Искрено, тоа беа најстрашните пет минути во мојот живот. Само што го слушнав тој ужас во гласот на детето, тоа е нешто што не можам да го извлечам од мојата глава“, рече таа.

Таткото на момчето вели: „Кога дојдов до него, видов крв како му тече по лицето и тогаш помислив `што се случи`. Дефинитивно беше шокиран, малку плачеше. Сега ќе има кул приказна за раскажување кога ќе се врати на училиште“.

Кога Фишер и неговиот татко се вратиле во чамецот, побрзале на брегот и во болница. Фишер добил 10 конци на усната.

„Дефинитивно боли, но сега е добро“, рекол тој.

Фишер истакнува дека овој настан нема да го спречи да се врати во океанот.

„Подготвен сум, но се чувствувам како првите неколкупати да бидам малку исплашен, но ќе влезам во вода“ – вели тој

Можете да прочитате

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка