Утрински Весник
Македонија

Николоски за препукувањата Русковска – Муареми: Нивните меѓусебни обвинувања ќе покажат кој и што правел

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес од Тетово одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има според него судир меѓу обвинителството и финансиска полиција, и коментар за судирот на Рускоска со финансиска полиција истакна дека Македонија тоне во криминал и корупција, економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите кои што биле ставани под тепих а меѓусебните напади ќе покажат кој што и како правел.

dobivaj vesti na viber

„ Па гледаме дека има бројни преписки во наводници овие денови, за жал Македонија тоне во криминал и корупција, вистинската дефиниција за Македонија е дека економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите кои што биле ставани под тепих. Броен е криминалот во сите области и во сите сектори, за жал оние кои што треба да го сузбиваат криминалот, не само што не го сузбиваат туку очигледно и го стимулирале, па очигледно еве и меѓу себе како што се напаѓаат ќе ни покажат на сите нас кој, што, и како правел, напаѓајќи го едниот другиот веројатно ќе ја добиеме целосната слика“ нагласи Николоски.

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда