Утрински Весник
Магазин

Bullet Train забрзува кон деби од 60 милиони долари на светските киноблагајни

Bullet Train забрзува кон деби од 60 милиони долари на светските киноблагајни
Dik 300x250 mk

„Њујорк тајмс“ го нарече Том Круз ‘последната вистинска филмска ѕвезда на Холивуд’, но „Сони пикчрс“ се обложува дека има барем уште еден водечки човек во Тинселтаун кој може да ги наполни киносалите благодарејќи на своето име.

dobivaj vesti na viber

Студиото ќе ја тестира моќта на популарната привлечност на Бред Пит кога ќе го отвори Bullet Train („Експресен воз“) во 4.300 кина во Северна Америка в петок.

Само неколку дена пред премиерата во кината ширум светот, филмот на „Сони пикчрс“ се чини дека е на вистинскиот пат за силно деби на киноблагајните.

Акциониот трилер со Бред Пит се очекува да биде последен голем филм на боксофисот во летната сезона.

Новиот филм од режисерот Дејвид Лич се очекува да заработи 60 милиони долари ширум светот во првиот викенд на прикажување, со 30 милиони долари во Северна Америка, пишува „Дедлајн“.

Филмот се снимаше пред пандемијата, со буџет од околу 90 милиони долари.

Можете да прочитате

Драма во живо: Српската водителка Маша Зиповски се онесвести за време на пренос на Бинго

Ерупција на вкусови со „Волкано” – новото премиум вино на „Монтеко”

Калиопи објави нова песна и спот