Утрински Весник
Свет

Ванг Ји: Кина никогаш нема да дозволи нејзините интереси да бидат загрозени

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји остро ја критикуваше посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на Тајван како „манична, неодговорна и многу ирационална“ акција на САД, јавува кинеската државна телевизија CTV.

dobivaj vesti na viber

Ванг, на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Пном Пен, Камбоџа, рече дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја избегне кризата, но дека никогаш нема да дозволи нејзините суштински интереси да бидат загрозени, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека „сегашните и идните мерки на Кина се неопходни“, како и навремени одбранбени контрамерки, внимателно разгледани и оценети и насочени кон зачувување на националниот суверенитет и безбедност, во согласност со меѓународното и домашното законодавство, додаде Ванг.

Здружението на нациите од Југоисточна Азија денеска предупреди дека постои ризик нестабилноста предизвикана од тензиите во Тајванскиот теснец да доведе до „погрешни проценки, сериозна конфронтација, отворен конфликт и непредвидливи последици меѓу големите сили“.

Пелоси направи кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Teшка несреќа во Полска: тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Нов масакр во Газа – 38 мртви за 24 часа и над 200 лица повредени во израелските напади

Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови