Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитриеска Кочоска: Ковачевски е тој кој го прави предавството, ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција, но со достоинство

300x250 opst2

Неуспешни се сите обиди од страна на СДСМ во кои што се обидува да ја обвини ЕУ за лошите состојби во државата, се обиде да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не доволно ги брани националните интереси. Меѓутоа мора да знаеме дека уште од почетокот на преговарање на СДСМ за распродажба на националните интереси тие имаат поставено две цели. Првата цел беше да ја обвинат ЕУ за сето лошо што се случува во државата, односно лошата состојба и втората цел која што ја имаа поставено беше да инфилтрираат нивни структури во опозицијата кои што постојано ќе коментираат дека опозицијата е премногу блага и недоволно се бори за националните интереси на Македонија. Меѓутоа ниту едната ниту другата цел не им успеа. Прво да не заборавиме СДСМ е таа партија која што во континуитет правеше во години наназад хајки против ЕУ, да не го заборавиме нападот кој што го направија врз поранешниот француски амбасадор Тимонје, во исто време граѓаните повеќе од јасно знаат кој е предавникот во државата и точно тие знаат дека предавството не доаѓа од надвор. Предавствата се случуваат во Македонија и тие имаат име презиме, почнувајќи од Зоран Заев, преку Стево Пендаровски, за денес да зборуваме дека и Димитар Ковачевски ја продолжи таа предавничка политика, вели Гордана Димитриеска Кочоска одговорајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на СДСМ дека е антиевропска партија денеска од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Димитриеска Кочоска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија која е за влез во Европската унија на достоинствен начин, а не како што сега тоа го прави власта, укажувајќи дека единствен излезе од ваквата ситуација е одржување на референдумот кои што го бараат, а од кој што СДСМ очајно бега.

„ Жално е ова што ќе го искоментирам, но имам чувство дека се во состојба и сопствената мајка да ја предадат само за да останат ден повеќе на власт, за да можат да се збогатат што е можно повеќе да крадат од граѓаните, и да не сработат ништо во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е проевропска парија. Партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и прави. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ достоинствено, а не со понижувања. И единствен излез за тоа е преку референдумот кој што го бараме, а од кои што тие очајно бегаат, заклучи Димитриеска Кочоска.

Можете да прочитате

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ