Утрински Весник
Спорт

Мертенс ги одбил Јувентус поради лојалноста кон Наполи

Белгискиот ветеран Дрис Мертенс одбил трансфер во Јувентус и плата од 5 милиони евра по сезона поради лојаноста кон Наполи, клубот од јужна Италија, јавува „Ла газета дело спорт“.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот е слободен играч по крајот на договорот со клубот од Неапол, клуб за кој има постигнато најмногу голови во историјата, и беше поврзуван со трансфер во Јувентус, кои бараат замена за Алваро Мората, откако не можат да се договорат со Атлетико Мадрид.

Мертенс постигна 148 гола за Наполи, каде што пристигна од ПСВ Ајндховен во 2013 година. 35-годишниот Белгиец беше миленик на навивачите на „партенопеи“, добивајќи прекар Чиро, по што го крсти и својот првороден син со ова име.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет