Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Папата ја одбележа годишнината од експлозијата во Либан: Вистината не може да се сокрие

300x250 opst2

Папата Франциско денеска ја одбележа втората годишнина од експлозијата во пристаништето во Бејрут, велејќи дека вистината и правдата никогаш не можат да се сокријат, очигледно алудирајќи на ќорсокак во истрагата за таа катастрофа.

dobivaj vesti na viber

Ова го кажа поглаварот на Римокатоличката црква на крајот од неделната аудиенција, прва по едномесечниот летен распуст.

Потсетувајќи на утрешната годишнина, Папата рече дека се моли за семејствата на жртвите од катастрофалниот настан и за драгиот либански народ.

„Се молам секој да најде утеха во верата и правдата и вистината што никогаш не може да се сокрие“, рече тој.

Пред две години експлодираа речиси 3.000 тони високоексплозивен материјал, амониум нитрат, користен како ѓубриво, неправилно складиран во пристаништето на либанската престолнина.

Тоа беше една од најголемите ненуклеарни експлозии во светот, во која загинаа 215 луѓе, беа повредени повеќе од 6.000 и беа уништени делови од Бејрут.

Истрагата за експлозијата е блокирана со месеци, бидејќи либанските политичари се погрижија никој да не одговара до сега, пишуваат агенциите.

Многу Либанци ја обвинуваат долгогодишната владина корупција и лошото управување за трагедијата.

Папата Франциско се помоли Либан повторно да се роди и да биде вистинска „земја на мирот и плурализмот каде што различните заедници ќе можат да живеат во братство“.

85-годишниот папа планираше да го посети Либан минатата пролет, но повредата на коленото го одложи патувањето, а нов датум не е одреден.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа