Утрински Весник
Свет

Песков: Шредер не понуди да посредува за проблемот со гасот

За време на минатонеделната посета на Москва и средбата со рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер не изразил желба да биде посредник во решавањето на ситуацијата во Украина или ситуацијата со гасот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Шредер не ја изрази својата желба да стане посредник“, рече тој на брифинг за медиумите како одговор на новинарско прашање, пренесува Тас с.

Во исто време, Ројтерс пренесува дека Песков објавил дека Путин го известил Шредер дека гасоводот Северен тек 2 е подготвен да се користи за снабдување со гас во Европа.

Според портпаролот на Кремљ, Путин му рекол и на Шредер дека испораките на руски гас паднале на околу 30 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри откако Полска воведе ембарго на гасоводот Јамал-Европа а Украина го запре протокот на гас преку Сорановка, мерна станица, еден од транзитните правци во таа земја.

Можете да прочитате

Иранскиот парламент го одобри законот за суспензија на соработката со МААЕ

Велика Британија купува 12 авиони F-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Руте продолжи да го фали Трамп за нападите во Иран и покрај проценката на американското разузнавање